(ФОТО) НАЈГЛАМУРОЗНО ИЗДАНИЕ НА БРИЖИТ МАКРОН ДОСЕГА: Првата француска дама блесна во необично издание за неа
Иако нејзиниот стил на облекување традиционално вклучува фустани над колената, првата дама на Франција Брижит Макрон на државничка вечера, одржана во чест на војводата и војвотката од Луксембург заблеска во фустан достоен за црвените килими.
Големиот војвода и војвотка од Луксембург, Анри и Марија Тереза, моментално се наоѓаат во тридневна посета на Франција каде во улога на домаќини ги дочека францускиот претседателски пар Макрон.
По топлото добредојде пред Елисејската палата во Париз, Брижит и Емануел Макрон во вечерните часови организираа вечера во чест на почитуваните гости од Луксембург.
На свечената вечера 64-годишната Брижит Макрон заблеска во свилена бела тоалета до под, која ја сочинуваа детали како суптилно деколте со V израз и сјајни светки позиционирани на рамениците и околувратната креација.
Свеченото издание достојно го финиширала со чевли во нуд нијанса со метални детали и пунџа, додека модните додатоци во знак на накит се сведени на минимум.