Животна училница // Приказни
(ФОТО) Најубавиот маж повеќе не е ерген: Прекрасна свадба во Мароко
- 30 Април, 2019
Дами, примете сочувство, но Идрис Елба повеќе не е ерген.
Во петокот, актерот и ди-џеј стапи во брак со својата долгогодишна девојка Сабрина Довр во хотелот „Ksar Char Bagh“ во Маракеш, Мароко.
Првите фотографии од свадбата ги објави британски Вог. Младоженецот носеше специјално скроен костим за него со потпис на дизајнерот Ozwald Boateng Dhowre, додека невестата преубав фустан од Vera Wang.
46-годишниот актер за кого ова е трет брак, ја запознал својата 29-годишна сопруга за време на снимањето на филмот „The Mountain Between Us“ во 2017-тата година.
Кога во февруари годинава се верија, Идрис изјави дека врската со неговата партнерка која е поранешна Мис Ванкувер е многу спонтана и искрена.