Познатата манекенка и некогашна бинго-девојка Наталија Грубовиќ го очекува своето второ дете. Бременоста на познатата манекенка се гледа на фотографиите кои ги објавија нејзини пријатели и родини на Фејсбук, сликани на крштевка во Црна гора.
Натали со сестрата Радица , со внуката и со пријатели и роднини во Црна Гора
Нејзината ќерка го доби името според прекарот кој ѝ го даде актерот Игор Џамбазов, Натали. Таа во септември ќе наполни две години.
На прославата на првиот роденден на ќерката.- Натали со сестра ѝ лани во Нови Сад
Натали веќе неколку години со сопругот, бизнисменот Дрен Глушац живее во Нови Сад. За „Независен весник“ минатата година, таа изјави дека името на ќерката било желба на нејзниниот сопруг.