(ФОТО) Никогаш не би ја препознале буцкастата Хуанита од Очајни домаќинки: Сега е фатална црвено коса убавица

Добивај вести на Viber

Физички се трансформирала, но во душата останала скромна девојка!

Медисон Де Ла Гарсија се прослави како симпатичната, буцкаста Хуанита Солис во серијата „Очајни домаќинки“, а девет години по крајот на снимањето, таа веќе не е девојката што ја паметиме.


Да потсетиме, Медисон ја играше ќерката на Габриела Солис во серијата од 2008 до 2012 година, а денес прерасна во неверојатна убавица.

Вообразната мајка Габи падна во сенка пред нејзината ќерка Хуанита, која беше нејзина целосна спротивност. Семејните несогласувања беа изворот на најдобриот телевизиски хумор.

Оваа 18-годишна девојка сè уште се занимава со глума, а во исто време се обидува да се пробие како сценарист.


Пред две години, славната Хуанита дипломираше, а нејзините најави за важни животни настани и времето што го поминува со пријателите зборуваат во прилог на фактот дека славата не ја сменила.

Многумина ќе бидат задоволни со фактот дека ќерките на Габриела Солис го одржуваат пријателството што започна на снимањето на „Очајни домаќинки“.


- Среќен 16-ти роденден и Светски ден на сестрите на мојата доживотна сестра - напиша таа покрај фотографијата со телевизиската сестра Силоја, чиј лик го толкуваше актерката Даниела Балтодано.

Неодамна и Медисон ја смени бојата на косата, а судејќи според позитивните реакции на социјалната мрежа Инстаграм, направила полн погодок.


Фото: Инстаграм и Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Што прават денес актерките од серијата „Очајни домаќинки“: Рак, затвор, развод, пластична хирургија...