(ФОТО) Нина Бадриќ во тренди фустан на најскапата јахта

Добивај вести на Viber

Хрватската пејачка Нина Бадриќ е на одмор на островот Некер, еден од Британските девствени острови.

Таа ужива пловејќи со јахта со пријателите, а меѓу нив е најбогатата србинка, Сандра Мељниченко,поранешен модел, сопруга на рускиот милијардер Андреј Мељниченко. 

Јахтата на која одмара Бадриќ се проценува на околу 500 милиони долари, и се смета за најскапата на светот. Долга е 143 метри, а може да прими 20 гости и 54 члена посада.

Пејачката на својот Инстаграм профил често објавува фотографии од одморот. 

Без шминка и со асиметричен син фустан за плажа кој е хит оваа сезона, Нина се пофали дека вистински ужива во одморот.