(ФОТО) НУРНЕТЕ ВО СВЕТОТ НА МОДАТА: Канцеларијата на магазинот „Вог“ изгледа вака!
Maрио Белини, Феј Тугуд и Патриција Уркоила се наоѓаат меѓу осумте дизајнери кои ги редизајнирале главните канцеларии на компанијата Вог во Милано.
За изложбата наречена „Life In Vogue“ ,која момнетално е претставена како дел од миланската недела на дизајнот, осуммина дизајнери привремено им дале свој личен печат на различни канцеларии внатре во седиштето на модниот магазин Вог.
„Иако идејата е создавање на живот во канцеларијата, кој е сличен на животот дома е присутна неколку години наназад, никој не отишол толку далеку и ја претставил канцеларијата како предмет на автентична интервенција за дизајн на ентериерот“ рекла Емануела Фарнети - главниот и одговорен уредник на магазинот.
“Life in Vogue“ е проект кој дава нов пресврт на уредничките канцеларии согласно со различните стилистички современи елементи, виден низ очите на најпознатите дизајнери и архитекти-додала Фарнети.
Британскиот дизајнер Тугуд, добила задача да ја унапреди канцеларијата на Емануела, каде ѕидовите ги обложила со рачно насликани ткаенини, а својата Roly Poly колекција ја искористила за опремување на просторот.
Од друга страна, ротердамскиот дизајнер Сабина Марсеј ја трансформирала канцеларијата на креативниот директор во две секции со помош на завеси. Посетителите прво влегуваат во соба која е сосема жолта, при што завесата крие целосно бел простор , како метаформа „табула раса“, односно празна хартија која чека нови идеи.
Патриција Уркиола креирала два ентериери, при што и двата се претставени како рефлексија на улогата на работата во модерниот свет. Користела плави тонови, впарени со ретро парчиња на мебел. Мајкл Барго канцеларијата на Beauty отсекот ја декорирал со vintage рекламни кампањи и класични шишиња парфеми.
Ходникот е разубавен со линија на дрвени даски, кои заедно создаваат нееднаков дезен. Марио Белини оваа креација ја поврзал со кичмата на човековото битие, бидејќи таа ги поврзува сите простории.
Инаку во текот на миланската недела на дизајнот, Вог канцелариите биле отворени за јавноста.