(ФОТО) ОДЛИЧНА КОМБИНАЦИЈА: Шпанската Кралица го повтори стајлингот, но овој пат со мала промена!

Добивај вести на Viber

Колку само промени со бојата можеме да предизвикаме поинаков, позитивен ефект, ни демонстрираше шпанската кралица.

Што се однесува до нас, сосема е логично и познатите личности, да се појават во комбинација која веќе ја носеле. Во која се видени и фотографирани. Посебно кога се тоа јавни настани.


Она што и Кејт Мидлтон и Летиција многу добро го прават, е тоа што парчиња кои веќе ги носеле вешто ги имплементираат со нови парчиња, а целосниот изглед секогаш изгледа значајно посвежо. Така Летиција деновиве дочекувајќи го шпанскиот олимписки тим во прекрасната палата Зарзуела во Мадрид, уште еднаш беше во центар на вниманието благодарение на својот впечатлив изглед.


Имено, убавата Летиција за прилики на ова ниво и вид, а тоа се оние од национална важжност, често избира црвена боја, бидејќи токму таа е една од боите кои се наоѓаат на знамето на Шпанија.

Иако не е прашање истата црвена нијанса, кој тон и  да го избере, на кралицата одлично и стои.


Овој пат се одлучила за темно црвена нијанса.


Дезенот на нејзината сукња со А крој, има бели мотиви, ја искомбинирала со бела ролка, додека изгледот го заокружи со прекрасни чизми, кои доаѓаат во речиси идентичен тон на црвена, каква што е сукњата.


Додека во декември лани Летиција овој стајлинг го облече во монохроматски стил, во пар со капут во иста нијанса, а самиот изглед тој пат бил комбиниран со тесна црна ролка.


Ние и даваме одлична десетка.