Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) ПЕНЕЛОПЕ КРУЗ ВО СЕНЗАЦИОНАЛЕН ФУСТАН НА МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈНЕР
Пенелопе Круз блесна на доделувањето на традиционалните награди „Бамби“ во Берлин во креација на славниот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски.
Шпанската дива која беше наградена во категоријата „Најдобра интернационална актерка“ на црвениот килим успеа комплетно да ги засени останатите ѕвезди, а за нејзиното беспрекорно издание биле задолжени модниот стилист Фреди Алонсо и нејзината колешка и сонародничка Гоја Толедо.
Станува збор за таканаречениот Фламенко фустан, дизајн на Матичевски, едноставен модел на црн фустан со едно рамо кој освен со светкавиот крој се истакнува по асиметричниот долен дел.