(ФОТО) Петте најубави и најмирни европски плажи

Олудениз, Турција

Ова мало селце, кое се наоѓа на југозападниот брег на Егејското Море, е боженствена лагуна, позната по сини води и ситен бел песок. Олудениз е природен резерват и градењето во заштитени подрачја е строго забрането а плажата е опкружена со зелени шуми. Температурите се расјки- во летото не паѓаат под 35 степени. Таму ќе најдете различни спортови на вода, забава за деца, а местото е многу популарно меѓу параглајдери поради одличните услови кои ги нуди.

Навахо, Грција

Исто така познат како "бродоломската плажа" поради остатоците од бродот во неговите песоци, Навахо е дефинитивно најубавата плажа во Грција, и има многу прекрасни плажи опкружени со величествени карпи и толку изолиран што до него може да се стигне само со брод, се разбира, може да поминете цел ден додека лежите на песок, но не треба да пропуштите прекрасен поглед високо од карпите. Само следете го патот до блискиот манастир.

Кала Макареја, Шпанија

Рапослана во сончевиот југозападен дел на Менорка, мирната Кала Макареја е прекрасна опција да избегате од преполнетите плажи на Мајорка и Ибица. Но, доаѓањето дотаму не е толку лесно. Една опција е да одите 3 км по карпите од блиската Кала Галдана, или да се прошетате низ ветровитиот пат од Хуатедела и да продолжите уште 20 минути низ боровите шуми. Но, убавата песочна и тивка тиркизна вода заслужува авантура.

Праја де Албандеа, Португалија

И покрај големиот прилив на туристи во регионот Алгарве, оваа неверојатна плажа некако остана недостапна за луѓето. Тука нема да видите чадори на плажа, лежалки, спортови на вода или плажа-барови, туку само златен песок, кристална вода, морски пештери и базени од природен камен. Бонус? Благодарение на карпите од двете страни на плажа, водата е секогаш опуштена и совршена за пливање.

Златен Рат, Хрватска

Балканската земја може да се пофали со неверојатни плажи, но "Златен Рат" се издвојува пред сè поради својата неконвенционална форма, која, меѓу другото, варира во зависност од морската струја. Иако изгледа дека нејзиниот песок е чисто злато, плажата всушност е мазна, со мали камчиња. "Златен Рат" не предлага само релаксирање, туку и многу водни спортови за оние кои се досадуваат со лежење на плажа.

фото: iStock