(ФОТО) Пингвините од Мадагаскар во Скопската Зоолошка градина

Трите пингвини кои во среда вечерта пристигнаа во Скопската Зоолошка градина се машки. Тие, по барање на граѓаните, добија имиња според ликовите од филмот за деца „Пингвините од Мадагаскар“. 

Долгоочекуваните пингвини ги добија имињата Скипер, Прајват и Ковалски.

На официјалната фејсбук страница на Зоолошката градина, голем број граѓани предлагаа новите животни да ги носат токму овие имиња. Вработените во ЗОО Скопје, објавија дека овие предлози им се допаднале и дека токму имињата Прајват, Скипер и Ковалски се одбрани за новите жители.


Граѓаните, со позитивни коментари ја поздравија оваа одлука на ЗОО Скопје.


Пред да пристигнат пингвините атракција беа и сеуште се и фламингата, кои беа донесени мали во ЗОО Скопје, и беа побели, наместо розови. Зошто е тоа така, откри Тина која се грижи за животните во Зоолошката градина во Скопје.


Фото: Фејсбук/ЗОО Скопје