(ФОТО) По сите падови, Сузана Турунџиева ужива во животот

Добивај вести на Viber

Македонската водителка и писателка ги полни батериите уживајќи во убавините на Македонија. 

Во сезоната на одмори, нашите познати јавни личности не забораваат да споделат фотографија и да ни откријат каде летуваат или пак да споделат некое интересно искуство.

Таков е и примерот со Сузана Турунџиева, познатиот тв лик кој до сега имавме можност да го видиме во поинакво издание, а тоа подразбира замена на класичните парчиња облека со костим за капење, комбиниран со ефектни модни додатоци. 

Турунџиева која инаку е мајка на две деца, изгледа феноменално во бикини и има тело на кое може да позавидат и помлади девојки. Но сепак, тоа што посебно е интересно да се истакне е хумористичната страна на водителката, која по големите падови во животот, уште еднаш докажа дека е силна личност и жена за пример.

„Ве молам едно дупло еКспресо и то сТредно! А можи и една оранЏада да се онесвежам“, напиша Турунџиева во објавата на сликата, истакнувајќи го на еден поинаков начин ритуалот за утринско освежување.