(ФОТО) ПРОЛЕТЕН МОДЕН ВОДИЧ: Какви модели на фустани ќе носиме оваа сезона
Од утре официјално календарски почнува пролетта, дали сте подготвени за неа во поглед на модата?
Иако неочекувано не фати „баба Марта“ тоа не значи дека по студениот бран нема да дојде потоплото време. На момент замислете како го носите вашиот омилен фустан додека истовремено топлиот ветар ви ја милува кожата. Надвор никогаш не било поубаво, зарем не?
А сега вратете се во реалноста. За жал, уште не можете да го носите тој убавиот фустан, но ништо не може да ве спречи да ги погледнете најновите трендови и да се подготвите за пролетен шопинг!
Како што фустаните се на прво место на секоја модерна дама, денес ви ги претставуваме најголемите трендови кога е во прашање ова модно парче.
Од цветни дезени, до оние на преклоп, погледнете кои фустани со задоволство ќе ги носиме во текот на топлото време.