(ФОТО) Ранија и Максима: Гламурозни во сиво-модно усогласените кралици воодушевија со комбинациите
Кралицата Ранија е во Холандија на дводневна турнеја низ регионот со нејзиниот сопруг Кралот Абдуала, и привлекува внимание со својот специфичен пристап кон стил. Синоќа за официјалната вечера во Палатата Нодеиинде, во Хаг, Нејзиното Височество изгледаше елегантно и убаво облечена во романтичен фустан кој беше украсен со виолетов цветен вез.
Тука не застанала, па веќе утредента облекла минималистичко, софистицирано одело за посета на едно локално школо. Ансамблот неодоливо потсетувал на фустанот кој го облекла кралицата Максима, посебно како да се дел од иста модна колекција, освен што кралицата Ранија изгледала модерно и шик.
Фустанот на кралицата Максима е со мини должина, а ја красат кроеви кои се протегаат долж целата предна страна на фустанот. Кралицата својот изглед го дополнила со интересни детали како шешир, ракавици и клач чанта и чевли на висока пета во светло кафеава боја.
Кралицата Ранија изгледала шик во бели панталони со кратки ногавици од брендот Александар Меквин и сив блејзер од Salvatore Feragamo и ролка во иста боја.
Од акцесоари се одлучила за женствена Фенди чанта, обетки кои висат со скапоцени камења, додека носеше Џанванито Роси чевли во светло сива боја, кои сјајно се вклопија во остатокот од комбинацијата.