(ФОТО) Русковска во тренд: Обвинителката под маска го открива лицето на правдата
Кога посматрачите на корона-промените во нашите животи предвидоа дека заштитната маска наредниов период ќе биде задолжителен моден асесоар што ќе го носиме со себе постојано како очила за сонце, на пример, никој не помисли дека тој тренд прво ќе го прифати обвинителката Вилма Русковска. И дури и ќе му даде личен белег, колорно усогласен со нејзиниот аутфит.
На последниве неколку рочишта за случајот „Рекет“, откако од 23 април е задолжително носењето заштитна маска во затворени простории, Русковска промовираше неколку колорно и модно усогласени маски, станувајќи и официјално пионерка на овој нов тренд кај нас. И доследен почитувач на препорачаните заштитни мерки.
Едвај чекаме да видиме со каква маска ќе се појави на новото рочиште за „Рекет“, закажано на 19.05.
Фото: МИА