(ФОТО) Сара и Димитар: Прв Велигден на Илина

Добивај вести на Viber

Пејачката и харфистка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски за Велигден уживаат во Охрид со ќерката Илина.

Сара на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија со сопругот и со ќерката и под неа напиша „Трио фантастико“. 

Илина се роди лани во септември и наскоро ќе наполни осум месеци. Димитар и Сара често објавуваат фотографии од семејните прошетки, најмногу на планина.