(ФОТО) Се омажи во куси панталони и во топ: Необична венчавка на ќерката на Лени Крaвиц

Добивај вести на Viber

Ќерката на Лени Кравиц, пејачката Зои Кравиц во Париз направи свадба со актерот Карл Глусман. Двојката законски во тајност се венча пред еден месец, пишува магазинот „Пипл“.

Зои и Карл направија свадба во замок чиј сопственик е Лени Кравиц 

Зои и Карл ги разменија заветите во замок од 18 век, чиј сопственик е таткото на невестата, славниот музичар Лени Кравиц, кој во мај одржа концерт во Скопје. На венчавката имало многу славни гости меѓу кои и актерката Никол Кидман и актерот Дензел Вашингтон. 

Таткото на невестата, Лени Кравиц 

Она што најмногу им привлекло внимаие на гостите е необичната креација на Зои. Таа облече необичен венчален фустан изработен од перли, а под неа носеше бели сатенски куси пантолони- „бициклистички“ и топ. На социјалните мрежи, некои го пофалија стајлингот на Зои а други го критикуваа. 

Невестата има големо семејство, родителите Лени и Лиза, а таа е многу блиска и со очувот Џејсон.