(ФОТО) Секоја со свој стил: Меган отмена, Кејт елегантна

Добивај вести на Viber

Војводата и Војвотката од Сасекс се сретнаа со Војводата и Војводката од Кембриџ, за прв пат во јавноста после долго време.

Со овој настан, всушност Принцот Хари и Меган Маркл ги извршуваат последните кралски должности, пред официјално да се повлечат од кралските должности, на 31 март.

Меган изгледаше софистицирано во смарагдно зелен фустан со шешир во истата боја, комбинирајќи ги со беж високи потпетици, со косата столизирана во елегантна пунџа. 

Интересно е што поставата на костумот кој го носеше Принцот Хари, беше во истата смарагдна бојa за да си одговара со аутфитот на Војводката, со што одвлече многу внимание.   


Кејт Мидлтон пак, носеше бургунди палто, со соодветен шешир и високи потпетици. Принцот Вилјам носеше темен костум со вртоврска во истата бургунди боја.