(ФОТО) Селин Дион ја откри тајната за губитокот на килограми: Ја нарекуваат жив леш
Популарната пејачка Селин Дион во последно време многу се промени. Од витка, насмеана жена полна со ентузијазам и енергија се претвори во ексцентричен, слаб леш, пишуваат светските медиуми.
Она што ја докрајчи е смртта на сопругот Рене Анжелил, кој почина во јануари 2016-та година, а потоа го изгуби и својот постар брат. Двајцата најважни мажи во нејзиниот живот ја изгубија борбата со ракот, а Селин остана да се бори со тагата, која практично ја изеде, како емотивно, така и физички.
Во борба со големата болка, Селин почна да носи неочекувани одлуки, па тотално го смени својот стил на облекување, кој по мислењата на многумина, воопшто не ѝ прилега.
Другата драстична промена е што ја шокира јавноста со своето драстично губење на килограми. Многумина се загрижија зошто пејачката со драгоцен глас нагло ослабна, а таа на сите приказни имаше само еден одговор „Со мене е сѐ во ред. Ослабнав неколку килограми, но сосема сум здрава“.
Дион вели дека од неодамна почнала на часови по балет (4 пати неделно), и дека баш тоа е тајната за нејзиното губење на килограми и витка линија.
Таа додава дека никогаш не се чувствувала посилно и поубаво. Дион е позната по тоа што „нема влакна на јазикот“, па на сите лоши коментари одговара сосема искрено.
- Мене ми се допаѓа мојот изглед, и не сакам да разговарам за тоа. Не ме вознемирувајте. Не ме фотографирајте. Ако не ви се допаѓам, во ред. Баш ми е гајле, оставете ме на мир- заклучи Селин Дион.