(ФОТО) Семејството Ceed во портфолиото на Kia комплетирано со кросоверот XCeed

Добивај вести на Viber

Семејството Ceed во портфолиото на Kia се комплетираше со четвртиот претставник, кросоверот XCeed, a овој целосно нов модел на корејскиот бренд, синоќа беше претставен на посебна свеченост од македонскиот импортер „Киа Моторс Македонија".

Присутните имаа можност за прва средба со Kia XCeed, a генерален впечаток е дека се работи за атрактивен и уникатен автомобил во својот сегмент, кој сигурно ќе привлече многу нови купувачи во семејството на Kia.

Македонската промоција го означи официјално и почетокот на продажбата на XCeed, а тој на нашиот пазар ќе биде понуден со 1.0 и 1.4 T-GDi бензинците со 120 и 140 коњски сили, како и докажаниот 1.6-литарски CRDi мотор со 136 коњски сили.

Покрај мануелниот менувач, во игра е и комбинација со 7-степената DCT трансмисија, а почетната промотивна цена за Kia XCeed во Македонија ќе биде 18.550 евра.