(ФОТО) Северина со нова фризура на премиера во Њујорк
Додека медиумите пишуваат за нејзиниот турболентен живот и прекинот на соработката со менаџерот Томислав Петровиќ, Северина одлично се забавува во Њујорк.
Со сопругот Игор
Хрватската ѕвезда замина за САД на премиерата на филмот „Игра на тронови“, и со сопругот Игор Којиќ позираше пред Radio City Music Hall во Њујорк. Северина позираше и со актерката Емили Кларк, која во серијата ја игра Денерис Таргариен.
Северина позираше и со актерката Емили Кларк, која во серијата ја игра Денерис Таргариен
„Мајката на змејовите“, напиша Северина под сликата. Таа за црвениот килим облече кус фустан со светки, но фановите ги изненади и со новата фризура, која е сега многу пократка.
„Најдобро облечена“, „Колку ти подобра оваа фризура“. „Изгледаш сѐ помлада и помлада“, се дел од коментарите на фановите на Севе на Инстаграм.