Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Софистициран стил: Радмила Шекеринска со впечатливо сако
Вицепремиерката и министерка за одбрана преферира лежерна и софистицирана елеганција, а тоа го потврди и со стилот на вчерашната лидерска средба.
Во Клубот на пратеници, Радмила Шекеринска пристигна облечена во црни панталони, бела блуза комбинирана со сако во сина боја, бисерен ѓердан и впечатлива чанта.
Кога станува збор за дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. Од друга страна, можноста за комбинации кај жените политичари е поголема токму поради изборот на дополнителни модни додатоци, кои може да бидат клучни за визуелниот изглед.