Пејачот Елвир Мекиќ пред неколку години се пресели во Сараево, каде што живее со својата сопруга Лејла и со синот Дарис кој има шест години.
Елвир со Лејла сношти беше во Скопје, на свадбата на својот близок пријател и соработник Кристијан Стефановски од продукција „Прагма“ и неговата избраничка Ана. Атрактивната сопруга на Мекиќ е сопственичка на салон за убавина во Сараево.
„Тука сум на неколку дена. Во Сараево сум со сопругата и со синот, тој наполни шест години. Доаѓам повремено за да ги видам блиските и пријателите. Инаку, во Босна работам на моја авторска и на музика за други изведувачи“, ни изјави Мекиќ на концертот на Здравко Чолиќ во петокот.