(ФОТО) Совршена од глава до пети: Сопругата на Иван Ракитиќ во бикини
Хрватската репрезентација се закити со сребро со СП во Русија, па по напорниот период, фудбалерите се на заслужен одмор.
Меѓу нив е и еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот, Иван Ракитиќ кој деновиве е на летување заедно со сопругата Ракел Маури и нивните две ќерки, Алхтеа и Адара.
Сепак, како што фудбалерите беа цел месец во фокусот на вниманието, така и нивните понежни половини, често пати ги полнеа медиумите со голем број објави и фотографии.
Поубавата половина и животна сопатничка на Ракитиќ е со него од 2011 година, а парот се запознале додека таа работела како келнерка во кафуле, пред тој да го потпише договорот со Севиља.
Убавата Шпанка деновиве повторно е актуелна поради новата тетоважа на задникот, односно фудбалска топка, очигледно за љубов кон саканиот. Тоа што исто така треба да се истакне е дека Ракел изгледа божествено, а тоа најдобро може да се види на фотографиите од одмор, каде позира во едноделен, нои во дводелни костими за капење.
Совршена од глава до пети, Ракитиќ има со што да се пофали!