(ФОТО) Спортско издание: Зои Блаж и нејзиното момче се стилски компатибилни

Пејачката Зои Блажева, односно Зои Блаж веќе подолго време е во врска со ракометарот Тадеј Матијасиќ и тие секојдневно споделуваат фотографии на социјалните мрежи.

Покрај тоа што не ја кријат врската од љубопитните очи на јавноста, се и пример за тоа како се негува љубовта. 

Овој пат пејачката објави фотографија на која е во прегратките на саканиот, а тоа што е интересно и впечатливо да се истакне е спортскиот стил на парот. 

Вљубени и стилски компатибилни, Зои и Тадеј се идеален пар во секој поглед.