(ФОТО) Годините ништо не ѝ можат: Стилот на Хајди Клум

Добивај вести на Viber

Хајди Клум е светски познат супермодел од Германија. Таа ги проба и своите актерски, ТВ водителски вештини, но се проба и како моден дизајнер и пејачка.

Родена е во 1973 година. Хајди дизајнирала облека за германскиот каталог "Otto". Дизајнирала и чевли за Birkenstock, накит за Mouawad, облека за Jordache и костими за капење кои се најдоа во Sports Illustrated.

Беше во брак во познатиот пејач Сеал. Мајка е на четири деца, но оваа германска убавица и понатаму изгледа воодушевувачки. 

Активна е на сите социјални активности, а нејзиниот стил на облекување е навистина шаренолик.


Како што изјавила сама дека носи се, од џинс, преку винтаж модели до фустани кои и припаѓаат на високата мода. Стилот на Хајди Клум не може лесно да се опише. Кој стил и да го избере, модните парчиња ги носат потписите на најпрестижните модни креатори.


Фустаните на модната куќа Версаче се нејзини омилени, па на разни фестивали можеме да ја видиме токму во креации на славниот креатор. Воодушевена е од стилот на Викторија Бекам и Гвин Стефани, додека за своите секојдневни излегувања со задоволство ги носи комбинациите на New Balance, Raquel Allegra, Thomas Wylde и многу други брендови.