(ФОТО) Стилот на Татијана Стефановска: Од куси здолништа до панталони со висок струк

Добивај вести на Viber

Кога  станува збор за фолк пејачките, мислењата на јавноста се поделени.


Многумина забележуваат на изборот на парчиња облека за нивните настапи и видео записи, но во суштина факт е дека на работно поле, тие се многу поактивни од пејачките од забавната сцена, па паралелно со тоа и повеќе заработуваат, а се и свесни дека изборот на гардероба е клучен за нивните појавувања.


Една од оние која е активна на фолк сцената е Татијана Стефановска, чиј стил знае да варира во зависност од тоа дали се работи за настап, гостување во емисија или пак приватни дружби. Тоа што е впечатливо за неа е дека знае како да го истакне тоа што е можеби нејзин препознатлив знак - долгите нозе. 


Од куси здолништа до панталони со висок струк, елегантни тоалети и кежуал изданија, Стефановска изгледа апсолутно добро како во обувки со високи потпетици, така и во патики. Тоа што е интересно за неа е дека никогаш не претерува во изборот на накит и модни додатоци, а шминката и е секогаш компатибилна во однос на гардеробата.


Атрактивниот изглед е оправдан само доколку не ја премине границата на добриот вкус, а таков е случајот со Татијана Стефановска.