(ФОТО) Тони Зен се ожени и има син

Добивај вести на Viber

Хип-хоп артистот Тони Зен неодамна се ожени и стана татко. Убавите новости ни ги потврди музичарот во телефонскиот разговор.

„ Имаме син, има четири недели. Навистина не сакам да се експонирам на овој начин, за приватниот живот никогаш многу не сум зборувал“, ни изјави Тони.

Тони со сопругата Валентина 

„ Уште една убава новост е што снимив албум кој ќе излезе во мај. Ќе биде тоа еден мирен, убав, акустичен албум на кој сѐ е отсвирено во живо. Наскоро ќе ве канам на промоција. Благодарен сум им на сите артисти кои придонесоа да се реализира ова дело “, додаде тој. 

Сопругата на Тони се вика Валентина Јованова и е од Гевгелија. (М.Џ.)