(ФОТО) Убавата „Hurricane“ Ивана пред пластичните операции: Нема да ја препознаете

Трите девојки од групата „Hurricane“ се здобија со огромна популарност за многу краток временски период и заради пеењето и заради физичкиот изглед, па така многумина се согласуваат дека името им одговара совршено.

Од самиот почеток, можеби најголемо внимание од трите привлече Ивана Николиќ, која денес навистина плени со нејзината убавина и физички изглед.

Сепак, не било секогаш така, а според фотографиите од минатото што излегоа во јавност, многумина коментираат дека за нејзината сегашна убавина е одговорен пластичен хирург.

Фотографиите на Ивана се појавија на многу социјални мрежи, каде може да се забележи значителна разлика од тогаш и сега, кога станува збор за нејзиното лице.

Многумина беа шокирани кога ги споредија старите со новите фотографии, па дури и имаа реакција дека можеби не станува збор за иста личност.

„Невозможно. Стоп, дали е навистина таа?“, „Одвратна е.“, „Има навистина одличен хирург.“, се само некои од коментарите.

Сепак, покрај оние кои ја забележаа разликата, има и такви кои коментираат: „Да се разбереме дека тука е млада и има 18 години, се облекуваше и шминкаше поинаку.“, „Имала само лоша камера“….


Насловна фото: Nikola Tomić