(ФОТО) Убавина е да си свекрва: Маријана ужива со децата и со снаата во Мелбурн

Маријана Новачевска, сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска долги години живее во Мелбурн, Австралија.

Маријана, иако одамна професионално се откажа од музиката и работи како стоматолог, за своја душа знае да запее во кругот на семејството. Неодамна, таа на Фејсбук профил објави фотографија со ќерката, со синот и со снаата.

Маријана со снаата Анастасиа 

„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана  под фотографијата со снаата Анастасиа, сопругата на нејзиниот син Филип. 

Под другата слика, на која се ќерката и снаата, Маријана напиша: Моите две ќерки. Ќерката на Маријана и на композиторот Тоде Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг се вика Магдалена. Новачевски исто така често објавува фотографии од своите деца и со емотовини објави им ги честита родендените. 

Ќерката на Маријана и на Тоде, Магдалена со снаата Анастасиа 

Маријана вели дека сега, откако се повлекла од естрадниот свет, не сака да дава интервјуа и изјави, освен ако се поврзани со нејзината сестра, Росана.

Филип, синот на Маријана и на Тоде со сопругата 

„ Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме. Маријана секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома. Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана. Без неа, душата ми е на половина“, раскажа Росана за својата сестрта близначка во интервју за „Женски магазин“.