(ФОТО) Вардар далеку не фрли: Влатко Стефановски честиташе со песна од Стадион

Добивај вести на Viber

Со песната  „Јовано Јованке„, Влатко Стефановски му ја честиташе шампионската титула на РК.Вардар.            

 "Мислам дека уште еднаш треба да му ја честитаме историската победа на „Вардар" со оваа нумера која далеку фрла", рече гитарскиот виртуоз од Градскиот стадион.                                             

Стефановски емотивно го започна својот настап. Додека цело Скопје слави за "Вардар" тој ја свиреше "Македонско девојче". По Влатко, се очекува настапот на англиската поп-ѕведза Стинг. 
М.Џ. 
Фото: В.Тануровски