Фотографии од крштевката на ќеркичката на Наташа Беквалац: Важен ден за гордата мајка

Популарната пејачка, Наташа Беквалац вчера ја крсти својата помала ќерка. 

Пејачката одлучи да ја крсти својата едно и пол годишна ќерка Катја, во црквата Света Петка на Калемегдан, во Белград.

Гордата мајка не откри премногу детали, но на својот Инстаграм профил објави фотографии каде ја гледаме малата Катја која изгледа многу симпатично во сив фустан со ракави и џемпер, додека Наташа избра долг сив фустан во иста нијанса.