(ФОТО) Величенствено одморалиште во Кина ги поместува границите на луксузот
Првиот кинески ресорт со забавен парк, Atlantis Sanya, специјално е дизајниран да ги дочека своите гости во неверојатното опкружување на Хаинан островите...
Сместен во заливот Хаитанг, ова магично место е првиот Atlantis ресорт во Кина, а ќе им се придружи со другите успешни варијации од свој вид на The Palm во Дубаи и Atlantis на Хаваите.
Инспириран од изгубениот свет на Атлантида, овој ресорт ќе понуди 540 000 м2 неверојатно возбудување. На оваа локација ви се достапни 21 ресторан, покрај кафе, ложа и барови, при што реномираниот Bread Street Kitchen and Bar, кој го предводи познатиот шеф Гордон Ремзи исто така е присутен.
Собите за гости имаат поглед преку шармантниот Хаитанг залив, а секоја од нив е внимателно опремена и декорирана, како би понудила совршена околина за одмор и релаксирање.
Imperial, Royal и Presidential апартманите имаат големи тераси кои нудат поглед на заливот и аквапарк, но она што е уште поинтересно е фактот дека ова одморалиште има пет луксузни соби под вода.
Дали сте подготвени за нова авантура?