(ФОТО) „Велвет“ донесе свои модни бранови

Добивај вести на Viber

Колачи и мода, за убавина во зимските денови. Ова е пораката која и овојпат нѐ дочека од студиото на шармантната модна креаторка, Росица Мршиќ. Како мирис на лаванда, нѐ освои и нејзината најнова колекција, во која секогаш се надзира нејзиниот уникатен стил. Колекцијата едноставно насловена „Велвет“ не освои со своите бои, кои уште еднаш ја истакнуваат женственоста на еден софистициран начин.

Инспирирана од француската дефиниција за мода и шармантна препознатливост, таа уметнички ги вклопува своите модели. Интересен и уникатен е колоритот кој го создава, вклучувајќи лаванда лила, сивкаста, чиста бела и црвена нијанса. Во моделите повторно го вклучува својот уникатен начин на работа, преку нејзиниот геометриски израз. Еко крзното и овојпат го искористи за да ја нагласи женската убавина за шик изглед во зима.

Со своите модели уште една покажа дека е одлучна, посебна и своја. Уште еднаш докажа дека во модата се зборува исклучиво преку сопствениот израз. Росица и овојпат им се обрати на жените кои сакаат да изгледаат авангардно, женствено и автентично, пркосејќи му на времето.

Вики Чадиковска

Фотографија: LeMoi