(ФОТО) Вера Мештеровиќ провокативна и секси како пред 23 години

Добивај вести на Viber

За познатата македонска манекенка и првата македонска Мис на Македонија за Мис на светот, Вера Мештеровиќ, времето како да застанало.

Вера се појави на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ сношти, и привлече внимание на присутните со провокативната облека.

Мештеровиќ му додели награда на кошаркарскиот ас Перо Антиќ, кој на сцената на ВИП Арената се појави со својот син. Вера ја претставуваше Македонија на светскиот избор за Мис во 1996 година во Индија. Денес, работи како промотор и манаџер на еден познат козметички бренд. Минатата година, таа се разведе од поранешниот фудбалер Игор Кралевски. Мајка е на две деца, синот Андреј (9) и ќерката Јована (7). 

Вера му додели награда на Перо Антиќ кој на сцената излезе со синот

Познатата српска група „Галија“ ја ангажираше Вера во спотот за песната „Нешто ме гони“, кој е сниман на интересни локации во Лос Анџелес. Песната е дел од новиот албум на „Галија“ „У рају изнад облака“ кој излезе лани. 

Мештеровиќ во спотот на познатата српска група „Галија“ кој е сниман во Лос Анџелес

Вера глуми и во спотот за хрватската верзија на песната на Дарио, „Жена за милион години“. Мештеровиќ, која е претпознатлива како бринета, за снимањето ана спотот го смени имиџот и стана блондинка.