Пејачката
Росана Сариќ - Тодоровска на социјалните мрежи објави повеќе фотографии од
првиот роденден на Ноа, внукот од ќерката Ивана и од зетот Џејмс кој е
англичанец.
За прославата, специјално од Австралија допатува и нејзината сестра-близначка Маријана Новачевска.
- Внук ми Ноа е злато мало. По потреба одам да го чувам, но тоа не е многу често со оглед на тоа дека работам. Младите сериозно си ја сфатија работата на родителството и двајцата заедно се навистина предобри и совесни родители - изјави Росана претходно за Женски магазин.