Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Во костими за капење: Неда Украден (70), Северина (48) - изгледаат двојно помлади
Двете познати пејачки во духот на летото се соблекоа по костими за капење и покажаа дека годините се само број.
Верувале или не, Неда Украден за неклку дена ќе полни 70 години, иако би и' дале двојно помалку. Пејачката се фотографираше по костим за капење и покажа дека се' уште е во добра форма и дека годините не и' можат ништо.
Добро познатата Северина пак, често објавува фотографии на Инстаграм, во различни стајлинзи и изданија, па оваа нејзина фотка во костим за капење не не' изненади многу, бидејќи знаеме дека е во топ форма, туку само уште еднаш не' потсети дека може да се изгледа добро на секоја годишна возраст, доколку се грижите за себе си.