(ФОТО) Заборавете на мамините фармерки, моделот кој го обожаваа татковците е нов моден хит

Добивај вести на Viber

Со предимензионирани модели таканаречените „татини“ тренерки кои од оваа пролет дефинитивно ќе бидат еден од најбараните модели, модната индустрија е полудена со уште едно модно парче кое инспирација црпи од плакарот на татковците.

„Dad jeans“, во превод опуштени, избелени фармерки кои татковиците ги носеа во раните 90-ти се уште едно „нормално“ парче кое модната индустрија го смета за посакувано. 

Со идеја на облекување „како татковците“ и комбинација на ретро парчиња кои на модната сцена се вратија во големиот стил, таканаречените „Dad jeans“ се мешавина од normcore и vintage стил на облекување .

Како што е видливо од приложената илустрација, „Dad jeans“ предлага струк кој се наоѓа точно под стомакот а истакнувањето на задникот е -непостоечко.

Ногавиците на  „Dad jeans“ паѓаат рамно и ги покриваа глуждовите и колената на начин нозете да изгледаат лесно накривени.