(ФОТО) Заева инспирирана од Меланија Трамп: Елеганција во Лондон

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, во моментов се во Лондон, на 70-тиот самит на НАТО.

За ваквата пригода, сопругата на премиерот изгледаше одлично. Избра елегантен фустан со строг крој,кој го зачини со темен ремен и чантичка.

Во фустан со сличен крој, во небесно сина боја, ја видовме првата дама на САД, Меланија Трамп на инаугурација на нејзиниот сопруг Доналд.

Станува збор за сличен горен дел на преклоп, долги ракави, и должина до колена, како и за слична нежна сина боја.