(ФОТО) Запознајте го семејството на Сергеј Ќетковиќ

Март е дефинитивно месецот во кој популарниот пејач и автор Сергеј Ќетковиќ има најмногу причини за славење. Миленикот на женската публика е роден токму на Денот на жената, но во март се родени и неговата сопруга Кристина и двете ќерки Лола и Мила. Она што е особено интересно е што во истиот месец балканската музичка ѕвезда слави и годишнина брак.

Ќетковиќ вели дека меѓусебно редовно си подготвуваат изненадувања и подароци, но нагласува дека материјалната вредност не е важна.

- Јас сум среќен човек, и освен добро здравје не би можел да издвојам некои големи желби. Имам три принцези кои се грижат за мене, а јас им возвраќам со љубов и внимание. Родендените на Лора и Мила секогаш ги славиме со многу деца, со семејството и со пријателите. Некогаш е тоа во куглана, некогаш во кино или во театар. Секогаш ги почитувам нивните желби - раскажува Сергеј.

Во истото интервју, Ќетковиќ објаснува дека кога е во прашање бракот никогаш не е розово како што многумина милуваат да покажат, особено на социјалните мрежи.

- И ние имавме тешки моменти, како и сите двојки, но љубов никогаш не ни недостасувала - вели пејачот.