Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Зара или Балмеин: Колку чини белиот блејзер на Шекеринска?
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред неколку дена, на Денот на Европа, се појави во интересна модна комбинација, која совршена ѝ прилегаше.
Станува збор за бел блејзер во комбинација со класични тегет панталони и високи потпетици во иста боја.
Многумина се запршаа од каде е овој класичен блејзер на министерката, бидејќи слични такви има и во Балмеин, но и во Зара.
Како и да е блејзерот на Шекеринска е различен по материјалот и бројот на копчиња од оној на Балмеин, и е од брендот Зара.
Ваков сличен блејзер од Балмеин чини 1706 евра, додека пак оној на министерката, од Зара е со доста „поскромна“ цена и чини само 74 евра.
Фото: Фејсбук страница на Радмила Шекеринска