(ФОТО) ЖЕНИТЕ ОДЛУЧИЈА: Ова се најдобрите земји за живот
Авторитетното американско издание "U.S. News & World Report" го објави рејтингот на најдобрите земји за живот на жените .
Студијата под името „Најдобри земји за жените“, ги анализирала податоците за осумдесет најразвиени земји на светот и интервјуирала повеќе од девет илијади жени.
Меѓу критериумите кои се највисоко рангирани биле - рамноправност на полови, економска добивка, човекови права, како и ниво на развој и сигурност. Врз основа на овие критериуми е составен список од земји каде жените најдобро би живееле. На прво место е Шведска, каде жените имаат исти права со мажите. После неа во топ 3 се нашле Данска и Норвешка. Украина на листата е на 52 место, додека Полска е на 20, Русија на 30 а Белорусија на 36 место.
Сега ви ги пренесуваме првите најдобри десет земји за живот на жените:
1. Шведска
2. Данска3. Холандија
4.Канада
5.Финска
6. Швајцарија
7. Австралија8. Австрија9. Нов Зеланд10. Норвешка