Фотографии поради кои цел свет зборува за Адел: Безвременска убавина, Армани фустан и еден посебен детаљ

Добивај вести на Viber

Популарната британска пејачка Адел беше главна ѕвезда на вечерта на Brit Awards каде ја доби и наградата за албум на годината. Меѓутоа, денес медиумите најмногу пишуваат за парчето накит што оваа музичка сензација го носеше.

Пејачката Адел (33) без причина не се појавува на музички награди - секој пат си оди дома полни раце награди!

Така беше и на Brit Awards, каде оваа Лондончанка победи во категоријата за албум на годината и со тоа го надмина главниот конкурент Ед Ширан, потоа за песна на годината (Easy On Me) и за изведувач на годината.  


Воедно беше и најкоментираната ѕвезда на вечерта. Оваа година наградите не беа поделени во машка и женска категорија, а Адел истакна дека „обожава да биде женски изведувач“. Наградите ги посвети на бившиот сопруг и синот. 

Адел изгледаше волшебно во кадифен фустан направен по мерка, потпишан од Џорџо Армани Приве. Станува збор за модел во црна боја и многу романтичен крој, во типичен стил на Адел, кој има интересен полукружен V-врат, голи раменици покриени само со проѕирен црн тул со точки, исечени за да се нагласи струкот. Тулот паѓа од рамениците надолу по фустанот и следи во форма на краток шлеп, што прави тоалетот да изгледа уште погламурозен.

Покрај тоа, таа носи црни салонки од брендот Маноло Бланик и дијамантските обетки од американската дизајнерка на накит Лорејн Шварц.

Меѓутоа, откако сите воздивнаа по убавината и стилот на Адел, беше невозможно да не се забележи детаљот на нејзиниот прст - скап дијамантски прстен.
Медиумите пишуваат дека истиот се поклонува на свршеница, па ги подгреаја гласините дека се верила со момчето.

Да потсетиме, таа неодамна призна дека нејзиното ново момче е Рич Пол, НБА агент со кој неколку пати се појавувала на кошаркарски натпревари. Ова е првиот партнер кој Адел ѝ го претстави на јавноста по разводот со Сајмон Конецки, со кој го има синот Ангел.

Пејачката, инаку, неодамна ги одложи сите настапи во Лас Вегас бидејќи, како шт пишуваат медиумите, не била задоволна од изгледот на сценографијата, а цело време на подготовките плачела и била на телефон со Пол. Според извори блиски до пејачката за британските медиуми, откажувањето било поради несогласувањето на Адел со одговорните за сценографијата, а најголем проблем бил околу базенот во чиј центар таа требало да стои додека пее – изјавил неименуван извор за The Sun.

извор:GLOSSY

фотографии:PROFIMEDIA