Француската модна икона ја откри формулата за совршен стил
Француската модна икона ја откри формулата за совршен стил
Манекенката со долгогодишно искуство Инес де ла Фресанж е добро познато име во модата, а има и одличен изглед на своите 60 години.
Според манекенката модниот стил треба да се менува со годините.
„Најлошо што може да го направи жената е да има ист моден стил кој го применува од годините кога се чувствувала најдобро. Многу жени мислат ако некое модно парче одлично им стоело на 35 години, дека истото одлично ќе им стои и кога ќе се повозрасни. Мислам дека тоа е погрешно, дека често треба да го бараме стилот и да се играме со модата“, вели манекенката.
Инес вели дека Французинките за разлика од Американите, никогаш не ја чуваат фината облека за посебни прилики.
„Носиме свила со фармерки или свечена облека со спротска. Облеката е тука за да ве направи убави и некој да ви каже: „Изгледаш одлично“, а не „убав фустан“, додава модната икона.
Инес објасни дека повеќе нема да ја видиме во здолништа, кожни јакни или капути со крзно, бидејќи во нив изгледала како „баба“.
Еве неколку нејзини совети:
Не комплицирајте
- Моја дневна униформа се бели фармерки и темносин џемпер.
- Ризикувајте
Не е добро да сте зависник од трендови, но пробајте. Променете го барем начинот на која ја чешлате косата или променете го ружот.
- Не претерувајте
Моето правил гласи: носете француска класика, но не се одеднаш.