Француски рецепт со вино за брзо лекување на настинка
Може да ја запрете настинката со пиење на вкусно вино.
Виното помага кај кашлање, грип и вироза. Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат. Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!