Фризер открива: Како фарбаната коса да не ви биде оштетена?
Aко имате фарбана коса или планирате да го направите овој чекор, секако се прашувате како косата да ви биде и офарбана и квалитетна.
Стручни лица од еден салон откриваат како да го постигнете тоа.
„Агресивната и непрофесионално фарбаната коса на подолг рок дава коса која е многу оштетена, тешка за сушење и обликување, има лош изглед, лоша е на допир и неспособна да го задржи пигментот. Ако помисливте дека одоговорот е во средината и дека најдобра е умереноста во фарбањето и да така третираната коса е најдобра – не е. Колку и да бидете умерени, ако направите еден погрешен чекор косата од добра ќе стане лоша. Одговорот е во стручното фарбање, оној кој професионално размислува каква ќе бида косата после две, дваесет или двесте фарбања. Квалитетната коса е таа која ве прави поубави, која го поправа комплетниот изглед, која лесно ја обликувате, а која е нежна на допир, сјајна и најважно – таа е интересна и атрактивна, велат од салонот.
Стручните лица советуваат често да не ја менувате бојата на косата, не повеќе од еднаш месечно, бидејќи во спротовино спротивноможе да ја промените структурата на влакната.