Фризерка ја издвои најлошата фризура за жени: Треба да ја избегнувате, а еве и зошто

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите трендови кога е косата во прашање е завеса шишки, кои се многу популарни трета сезона по ред, толку што неодамна ги „проба“ дури и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Но, американската фризерка Стеф која е многу популарна на социјалните мрежи неодамна истакна дека жените треба да ја избегнуваат оваа фризура. Таа тврди дека овие шишки знаат да бидат убави и привлечни, но за некои дами едноставно се погрешен избор!

„Еве зошто можеби не треба да носите завеса шишки и само една забелешка: ги сакам, но не се за секого“, објасни таа на почетокот на видеото.

„Ако имате бакенбар на непријатно место или прамен што постојано ви штрчи, тогаш овие шишки веројатно не се фризура за вас. Ова значи дека ќе биде потешко да се стилизираат и ќе потрошите многу време обидувајќи се да ги стилизирате. Исто така почесто ќе бидете во салон, бидејќи е ризично да ги скратите сами дома, па ќе потрошите повеќе пари“, додаде таа.

@stephagram Watch this before you cut bangs!! DISCLAIMER:CURTAIN BANGS ARE AWESOME I JUST DONT WANT ANYONE TO REGRET DOING IT IF ITS NOT THE RIGHT THING FOR THEM   #curtainbangs #diybangs #curtainbangsstyling #faceframinglayers Lover - Remix - Taylor Swift


Стеф истакнува дека завеса шишки ќе бидат дополнителен чекор во вашата утринска рутина, па ако имате тенденција брзо да се подготвувате и немате трпение, тие не се добар избор за вас.

Исто така, овој тип на шишки би можел да биде проблематичен за сите жени со виткана коса, доколку е тешко да се „скроти“ и да се справи, а тоа важи и за брановидна коса.

„И, конечно, ако мразите косата да ви го допира лицето, особено ако имате мрсна кожа, бидете подготвени постојано да ја имате косата во лицето. Ви предлагам прво да пробате слоевита коса, т.е. многу долги шишки пред да продолжите понатаму до вистински завеса шишки“, заклучи таа.


фото: Инстаграм