Фризура која е идеална за жени над 50 години: Ги симнува годините и го враќа младешкиот сјај

Добивај вести на Viber

Дамите кои имаат зачекорено во шестата деценија треба посебно да поведат сметка за фризурата...

Познатата фризурка Никол Пети истакна дека фризурата која не одговара може да го уништи целокупниот изглед, а посебно на жените кои се постари од 50 години. Многу е важно фризурата да ја усогласите со обликот на лице, ако ви е округло бирајте пикси фризура, додека квадратните облици изгледаат подобро со долги шишки.

Таа објасни дека при посета на салон за убавина, фризерот треба да ве посоветува која фризура најмногу одговара на обликот на вашето лице.

За овални лица и лица во форма на срце, таа препораува пикси стил со подолги слоеви и кратки шишки.

Квадратните лица ќе изгледаат подобро со подолги, тенки шишки и лесни слоеви за „омекнување“ на лицето.

Пикси фризурата е храбар избор, но и совршена опција за жени постари од 50 години. Помага да се нагласат цртите на лицето и да додаде волумен на проретчената коса.

За пософтициран, но младешки изглед, Никол предлага дискретни нагласувања за додавање димензија и текстура. Шишките прават огромна разлика, а градицијата дефинитивно ќе ви даде поголем волумен на косата и ќе создаде „неуреден“, но многу стилски изглед.

Слоевитиот боб е уште еден одличен избор кој брише години од лицето. Фризерката препорачува асиметрични и неуредни боб фризури за оние кои сакаат младешки сјај.

Долгиот боб е за жени кои се борат со стилизирање на косата, бидејќи секогаш можете да ја врзете во опавче.

фото: Принтскрин / Инстаграм