Фронтменот на Манескин, Дамијано излезе пред публика и ги згрози фановите: „Каков простак“
Дамијано се однесувал непримерно на сцената
Пејачот Дамијано и бендот Манескин победија на Евровизија 2021 година.
Нивната песна 'Zitti E Buoni' стана апсолутен хит, а по победата на Евровизија ги освоија срцата на публиката ширум светот.
Пејачот Дамијано Дејвид (24), фронтмен на групата Манескин, неодамна ги згрози своите обожаватели на концерт.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Демијан го допира половиот орган пред публиката, а во еден момент тој плукна вода во публиката. Иако на публиката тоа не и пречеше, многу корисници на социјалните мрежи го осудија овој потег и го окарактеризираа како непримерен и примитивен.
TRUDNA SAM pic.twitter.com/rJtCCcYFnU
— otrovni bršljan (@lickavestica) July 21, 2023
„Ужас, каков простак“, „Ова е толку недолично однесување и овој пејач им дава лош пример на младите кои го слушаат“, напишаа некои. Другите застанаа на страната на пејачот.
Инаку, Дамијано неодамна на својот Инстаграм профил објави свои целосно разголени фотографии кои исто така предизвикаа различни коментари на социјалните мрежи. Во тоа време, некои коментираа за тоа колку килограми изгубил и дека ова ненадејно слабеење е резултат на употреба на дрога.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Твитер