Фустан кој веднаш ја намалува половината го излуде Интернетот: Чини малку повеќе од 1.500 денари (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Како магија

Љубителите на модата беа воодушевени од најновото парче облека што визуелно ја стеснува половината за неколку сантиметри.

Инфлуенсерката по име Џем предизвика вистинска бура на социјалната мрежа Тикток кога облече фустан кој чини 32 долари (околу 1.500 денари).

Долг фустан со длабоко деколте, во нијанси на сива и црна боја, и појас, кој со врзување, остава впечаток на многу потенка половина отколку што всушност е.

Кога заносната бринета на видеото го стегна појасот, моделот на фустанот се помести толку многу што визуелно половината ја направи многу потенка и во исто време ги истакна колковите.

@xojemian

##fyp

Girls Want Girls - Drake

Видеото, кое Џем го објави на 10 октомври, стана вирално и досега е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати, има повеќе од 308.000 лајкови и речиси 2.000 коментари.

Нејзините следбеници беа воодушевени, а многумина коментираа дека се обидуваат да разберат како всушност нејзината фигура изгледа толку тенка.

- Изгледаш како да се преполови во секунда - напишала една девојка, додека друга додала дека во еден момент помислила дека не гледа добро.

- Ми треба ова - изјави една девојка, додека друга рече дека ова е „чиста магија“.


Видео и Фото: ТикТок