(ГАЛЕРИЈА) - НАЈЧУДНОТО ИЗДАНИЕ НА СЕВЕРИНА
Северина е позната по својот истенчен и секогаш префинет стил на облекување. Атрактивната пејачка нема проблеми во пробувањето на трендовите и оригиналните комбинации, и затоа важи за една од најдобро облечените жени во Хрватска и на Балканот.
Според хрватскиот сајт Т портал, нејзиниот последен стајлинг на концертот во Словенија е дефинитивно најчудното издание на Северина до сега. Во составот на својата летна турнеа поп-ѕвездата го посети и Загорје Об Сави, каде што направи одлична атмосфера. На сцената, освен новите хитови, ја истакна и витата линија, со по малку необичен стил на облекување, градникот кој беше сосема откриен.
Додека некои пејачки за настапи бираат предвидлив стајлинг, Северина никакао не е една од нив. И кога е закопчана до грло и кога на бината потскокнува во проѕирно боди, сплитската ѕвезда е секогаш различна од другите.
Провокативното тесно трико и градникот на концертот во Словенија, Севе ги надополни со златен накит и со златно-црни сандaли во стилот на гладијаторите. Тенката половина, таа ја нагласи со впечатлив црн кожен ремен. Целиот изглед, таа го збогати со долгите, кадрави додатоци на коса и драматичната шминка.
Фото: Т портал